Бензема најави голем трансфер: Никогаш не се знае, ќе видиме…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема се врати во репрезентацијата и се подготвува за настап на Европското првенство.

Пред една недела Бензема доби повик од селекторот Дидие Дешам и по долго време повторно ќе го гледаме во дресот на Французите.

Новинарите ги интересираше дали Бензема знае нешто за можен трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

„Мбапе во Реал? Ќе видиме што ќе се случува, но во секој случај ќе биде добредојден. Тоа е млад играч, феномен со кој можев да тренирам. Има брзина и квалитет“, вели Бензема.

Бензема повтори дека ќе остане во дресот на Реал Мадрид и не планира да замине од тимот.

„Се трудам да бидам подобар секоја сезона. Овде играм фудбал за кој сонував од секогаш. Денес може да ми судите за тоа што го правам. Ова е мојот фудбал. Ова е клубот на мојот живот. Ќе останам и следната сезона во Реал“, кажа Французинот.