Бензема најави заминување од Мадрид и откри во кој клуб сака да ја заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема пред 11 години од Лион стигна во Реал Мадрид и се покажа како полн погодок на „кралскиот“ клуб. Францускиот напаѓач повеќе од една деценија игра за Шпанците и тој е прв избор за позицијата напаѓач.

Бензема со Реал има договор на уште две години и како што стојат работите тоа нема да му биде последен клуб во кариерата.

Пред да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ овој 32-годишен напаѓач играше за Лион за кој запиша 150 натпревари и освои четири титули во Франција.

„Враќање во Лион? Па, луѓето често ме прашуваат зошто знаат колку сум поврзан со клубот. Во моментов не може да се случи тоа затоа што сум во најдобриот клуб на светот, но имам желба да се вратам во Лион и тука да ја завршам кариерата. Сигурно ќе се вратам во клубот“, кажа Бензема.