Бензема: Не беше лесен мојот фудбалски пат, но горд сум на себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација, Карим Бензема ја доби „Златната топка“ за првпат во кариерата, откако имаше неверојатна сезона со освоени Лига на шампиони и Ла Лига.

Французинот во минатото беше во сенка на Кристијано Роналдо, кој беше главен напаѓач на „кралевите“ пред да си замине, но сега конечно дојде вистинското време за Бензема да покаже што знае.

„Среќен сум поради наградата. Исто така, мило ми е што тука се моите идоли Зидан и Роналдо. Долго време сонував за оваа награда и сега стана реалност. Горд сум на успехот. Оваа награда ќе ми биде дополнителна мотивација. Им се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа да стигнам до наградата“, кажа Бензема.