Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот голгетер Карим Бензема се врати во националниот тим по долго време и веднаш го презема местото во нападот, но не се прослави премногу на Европското првенство (ЕП).
Франција беше елиминирана во осминафиналето, а веднаш по елиминацијата ѕвездите си заминаа на заслужени одмори.
Меѓутоа, Бензема не губеше време и според странските медиуми тој станал близок пријател со Кунде, еден од најдобрите дефанзивци.
Ветеранот сакал да им помогне на „кралевите“ со проектот, па наводно разговарал со Кунде и сега останува само на Реал Мадрид да се договори со Севиља за трансфер, а се споменува сума од 70 милиони евра.
Кунде без дилема му е потребен на шпанскиот гигант бидејќи од екипата си замина Серхио Рамос, а блиску до истиот пат е и Рафаел Варан.