Бензема објави дека е „предавник“, па Мбапе порача: Ќе мора да разговарам со него!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема, кој го носи дресот на Реал Мадрид, не беше среќен поради одлуката на неговиот сонародник Килијан Мбапе да потпише нов договор со ПСЖ, иако долго време се шпекулираше дека ќе се пресели во Шпанија.

Бензема со неговата реакција преку Инстаграм јасно покажа што мисли за Мбапе, по што го обвини за „предавство“, а помладиот Французин во интервју за „Марка“ кажа дека ќе мора да зборува со неговиот колега.

Мбапе сака да му објасни на Бензема зошто останал во Парзи, односно дека парите не биле пресудни во преговорите, како што претходно објави и првиот човек на францускиот гигант, Насер Ал-Келаифи.