Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема пропушти неколку натпревари на Реал Мадрид и тоа ги налути навивачите, но и легендарниот Гути кој го критикуваше освојувачот на „Златната топка“.
Гути кажа дека Бензема намерно не игра за „кралевите“ со цел да не се повреди пред Светското првенство (СП) во Катар.
Бензема реши да го прекине молкот по критикуте во јавноста, по што кажа дека повредата која ја има не е премногу сериозна.
„Мундијалот сметам дека може да биде еден од најдобрите подароци кои ќе ги добијам за роденден. Одиме натпревар по натпревар и секој од нив ќе биде како финале. Имам мали проблеми со повреда, но не е ништо сериозно“, кажа Бензема.