Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема пред пет години се обидуваше да извлече изнуда од сонародникот Матје Валбуена.
Обвинителството побарало на напаѓачот на Реал да му се суди за неговата улога во случајот од 2015 година.
Адвокатот на Бензема, Силвам Кормие ја потврди веста за барањето на обвинителството.
„Ова не е изненадување, главниот обвинител беше многу упорен во случајот и ние очекувавме вакво нешто, меѓутоа обвинувањата не се основани на реалност“, кажа адвокатот на Бензема.
Под истрага се наоѓаше уште еден поранешен француски репрезентативец Џибрил Сисе, како и Карим Зенати, но и уште три мажи.
Во декември, Врховниот суд на Франција ја одби жалбата на Бензема во која тој бараше да се отфрлат доказите против него затоа што се добиени на нелегален начин.