Бензема погоди против Севиља и го однесе Реал Мадрид на врвот! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во петтото коло од Ла Лига на гостувањето кај Севиља со минимални 1-0. Во тврд натпревар пресуди добар удар со глава, кој го испрати Карим Бензема, па на крајот погодокот вредеше три бода.

„Кралевите“ во првото полувреме беа поконкретни од Севиља, но не успеаа да постигнат гол за водство. Најдобрите шанси во првите 45 минути ги имаа Еден Азар и Дани Карвахал, но немаше промена на резултатот.

Единствениот гол беше забележан во 64. минута, кога Карвахал испрати добар центар-шут, а Бензема го претвори во погодок.

До крајот на средбата Реал го контролираше мечот, па тимот на Зинедин Зидан запиша важна победа.