Бензема промаши пенал, ВАР ѝ поништи гол на Селта, но трите бода се за Реал Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид, по дебаклот од Барселона, им се врати на победите и триумфираше на домашен терен против Селта виго со 2-1, па така направи нов чекор кон титулата, со што предноста пред Севиља сега е 12 бодови.

Карим Бензема од пенал го матираше голот на Селта за водство од 1-0, по што домаќините преку Галахардо погодија за 1-1, но голот беше поништен од ВАР-технологијата.

Нолито ја врати неизвеснота во 53. минута со голот за 1-1, по што Бензема имаше нова шанса од белата точка, но не беше прецизен.

Само пет минути подоцна Бензема од пенал со втор гол ја запечати победата за „кралевите“ и новите три бода, па сега Реал води со 12 бодови на осум кола пред крајот на сезоната.