Бензема се скарал со тренерот и го напуштил тренингот на Ал Итихад


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема прави нови проблеми во Ал Итихад, откако во понеделникот се скарал со тренерот Гаљардо, а потоа го напуштил тренингот.

Аргентинскиот стратег имал замерки за Бензема и му наредил да тренира сам, но тоа не му се допаднало на францускиот напаѓач кој си заминал од теренот.

Бензема веќе некое време е незадоволен во Саудиска Арабија и бара начин како да си замине од богатата земја.

Ал Итихад со негов ангажман се надеваше дека ќе добие решение во нападот, но Бензема ги разочара навивачите.