Бензема: Сите три соништа ми се исполнија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема одигра одлична сезона во дресот на Реал Мадрид и му помогна на тимот да ги освои Лигата на шампиони и Ла Лига.

Бензема поради одличните настапи заслужено оваа година ја доби наградата за најдобар играч во 2022 година, односно „Златната топка“.

Напаѓачот на „кралскиот клуб“ по добивањето на наградата даде интервју за клупскиот веб-сајт на Реал Мадрид и кажа дека му се оствариле сите три соништа.

„Како дете имав три големи соништа во животот кои конечно ми се остварија. Првиот ми беше да ѝ купам куќа на мајка ми, вториот да потпишам за Реал Мадрид и третиот да ја освојам оваа награда. Затоа можам да кажам дека сум горд на себе“, вели Бензема.