Бензема со еден потег ги разочара навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот голгетер Карим Бензема летово си замина од Реал Мадрид и ги прифати милионите од Саудиска Арабија.

Бензема, сепак, ги разочара навивачите со еден потег на социјалните мрежи, каде што реши да го отследи шпанскиот гигант со кој ги освои сите трофеи.

Напаѓачот замина како легенда на „кралевите“ и еден од најдобрите фудбалери во историјата, но никој не очекуваше дека толку брзо ќе го „заборави“ поранешниот клуб.

Бензема прекинал да го следи „кралскиот клуб“, но интересно е тоа што и понатаму го следи Лион, каде што играше пред да се пресели во Реал Мадрид.