Бензема среќно трие раце, нови главоболки за Јовиќ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан, па би можел во јануари да замине некаде на позајмица, зашто во моментов делува дека Карим Бензема ќе остане прв напаѓач на Реал Мадрид.

Така би можело да биде и во следните три години, доколку им се верува на шпанските медиуми, кои објавија дека Французинот би можел наскоро да потпише договор до 2022 година, а притоа да добие плата од 11 милиони евра годишно.

Зидан му верува на неговиот сонародник во нападот, откако Бензема на седум одиграни меча во Ла Лига постигна дури шест гола и една асистенција, па може да се каже дека е една од најсветлите точки во клубот во моментов.