Бензема стана седми најдобар стрелец во историјата на Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема синоќа постигна два гола во победата на Реал Мадрид од 3-1 против Еспањол.

Овој 34-годишен напаѓач постигна 222 гола на 417 натпревари во шпанската Ла Лига, па така го надмина Сезар Родригез, кој имаше постигнато 221 гол на 343 меча.

Французинот со двата погодоци стигна до седмата позиција во историјата, а пред него е Алфредо Ди Стефано со 227 гола на 329 меча и се очекува наскоро да падне под Бензема.

Искусниот Французин досега одигра три меча во првенството и притоа успеа да постигне три гола и една асистенција, а со тоа покажа колку е важен за шпанскиот и европски шампион.