Бензема урна рекорд и остави легенда на Реал Мадрид зад себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карим Бензема по заминувањето на Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на Реал Мадрид, а синоќа стигна до нов голем рекорд.

Реал Мадрид славеше со 2-0 против Атлетик Билбао, а првиот гол на натпреварот го постигна Бензема во 24. минута и тоа беше доволно за да урне рекорд.

Францускиот напаѓач стигна до бројката од 228 голови во ла Лига и така го надмина легендарниот Ди Стефано, кој постигна еден гол помалку.

Прв на листата е Кристијано Роналдо со 311 погодоци и ќе биде тешко за Бензема да стигне до тој рекорд.