Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Односите меѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се заострија.
Францускиот напаѓач одбива да го напушти клубот и не прифаќа ниту една понудена опција за летен трансфер, што на раководството му создава сериозни проблеми во подготовките за новата сезона. Управата на Ал-Хилал се обидела да ја реши ситуацијата нудејќи му на Бензема трансфер во некој од новите прволигаши во лигата, но францускиот фудбалер ја одбил таа можност.
Според извори од Саудиска Арабија, Бензема има само еден услов за да го напушти клубот. Тој бара да му се исплати целиот износ за преостанатата година од договорот, по што самостојно и без влијание на клубот би можел да избере нова средина.
















