Бензема во Мадрид има третман каков што немаше дури ни Роналдо!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Карим Бензема во моментов е еден до најдобрите напаѓачи во светот, а од претходно е познато дека има посебен статус во Реал Мадрид.

Бензема има нешто што дури и Кристијано Роналдо го немаше, а тоа е продолжен одмор, па така Португалецот мораше да почне со тренинзи кога ќе понат и неговите колеги.

Но очигледно Флорентино Перез има нов омилен фудбалер во соблекувалната затоа што на Бензема му дозволил да има подолг одмор од другите.

По одличната сезона и 44 постигнати голови Перез излезе во пресрет на Бензема и му дозволи да задоцни на подготовките неколку дена, а со тоа се согласил и тренерот Карло Анчелоти.