Бензема за првпат во кариерата ја освои „Златната топка“ (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер во 2022 година, која вечерва му беше доделена во Париз.

Бензема минатата сезона одигра 46 меча во дресот на „кралевите“ и притоа постигна 44 голови и 15 асистенции, а беше важен играч во освојувањето на Лигата на шампиони и Ла Лига.

Зад Бензема заврши Садио Мане, додека трет беше Кевин Де Брајне од Манчестер сити.