Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од највозбудливите натпревари во Купот на Италија се одигра меѓу Модена и Сасуоло (3-2), а тоа ги разочара навивачите на калчолигашот, кои по мечот ги провоцираа фудбалерите.
Во центар на внимание беше искусниот Доменико Берарди, кој не можеше повеќе да ги издржи провокациите, па тргна да се тепа со еден навивач на Модена.
На снимката може да се забележи дека Берарди се вознемири и потоа почна да го брка провокаторот, додека останатите се обидуваа да го запрат.
Во близина беа и полицајци, кои мораа да интервенираат за да спречат посериозен инцидент, а реагираше и еден член на стручниот штаб на Модена, кој го смири искусниот италијански репрезентативец.