Берлускони им се закани на гигантите: Сакам да ја освојам Серија А и ЛШ со Монца!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Газдата на Монца, Силвио Берлускони кажа дека со новиот член на Серија А сака да ја освои лигата во Италија, но и Лигата на шампиони (ЛШ).

Монца за првпат во историјата ќе заигрра во Серија А, па се надева на успех, иако не се очекува ништо посериозно во првата сезона.

„Мислевме дека ќе успееме и минатата година, но немавме среќа. Овој пат се боревме цела сезона. Не беше лесно, но успеавме. Мора да го освоиме Скудетото, а потоа да бидеме најдобри во Лигата на шампиони“, кажа Берлускони.

Монца е создадена во 1912 година, а во 2018 година беше купена од Берлускони, поранешниот премиер на Италија и прв човек на Милан.