Бернардо Силва доби казна од ФА поради расистичкиот коментар за неговиот соиграч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва доби казна од англиската ФА поради расистички коментар за неговиот соиграч, Бенџамин Менди.

Иако се работеше за шеговит статус кој беше прифатен и од Менди и од многу други, Бернардо доби казна од еден натпревар.

Освен тоа португалскиот фудбалер кој игра значајна улога во тимот на Гвардиола доби и парична казна од 50.000 фунти.