Беше на чекор од Реал Мадрид, па се предомисли во последен момент!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Масимилијано Алегри по две години пауза реши да се врати на тренерската работа и повторно го презема Јувентус.

Алегри го напушти Јувентус во 2019 година, иако имаше добри резултати, па реши да се одмори и да наполни батерии за нови предизвици.

Италијанецот беше неколку месеци во контакт со Флорентино Перез, кој му нудел да биде нов тренер на Реал Мадрид.

Меѓутоа, дојде до голем пресврт кога беше објавено дека Алегри се враќа во Јувентус. „Старата дама“ го отпушти Андреа Пирло и го врати поранешниот тренер за да го спаси клубот од уште една лоша сезона.

Алегри имал понуда и од Реал Мадрид за да го наследи Зинедин Зидан, но се предомислил во последен момент.

„Морам да му се заблагодарам на Перез за понудата, но на крајот го избрав Јувентус поради љубовта која ја чувствувам кон тимот и затоа што верувам дека може да постигнеме многу успеси“, вели Алегри.