Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот фудбалер Џек Вилшер реши да ја заврши фудбалската кариера на само 30 години, откако се појави на големата сцена како тинејџер во 2008 година и многумина го сметаа за најголемиот англиски талент.
Вилшер ја воодушеви јавноста на мечот меѓу Арсенал и Барселона, кога успеа да привлече повеќе внимание од Лионел Меси, Андреас Иниеста и Чави, но за жал повредите не му дозволија да напредува.
Последниот обид да се врати на фудбалот го имаше минатата сезона кога се пресели во дански АГФ, за кој одигра 14 натпревари, но разбра дека повеќе не може да игра квалитетен фудбал.
Во текот на кариерата одигра 322 меча за Арсенал и Англија, а на нив постигна 20 погодоци.