„Бесмислица е дека Игуаин оди во Јуве“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на претседателот на Наполи ги демантираше гласините дека Гонзало Игуаин ќе премине во Јувентус.

Одличниот аргентински напаѓач се наоѓа на слатки маки. Со настапите во Серија А заинтересира бројни гиганти, а после што се појави информација дека Јувентус понуди 75 милиони се огласи синот на претседателот на Наполи.

„Тоа се бесмислици. Немојте да верувате во се што се пишува“, рече Едуардо Де Лаурентис во изјава за италијанските медиуми.

Во Наполи наводно подготвуваат нов договор за Игуаин со цел да спречат евентуален трансфер.

Игуаин од доаѓањето во Напочи одигра 104 натпревари и постигна 71 гол во Серија А.