Бесплатен влез за мечот меѓу Македонија и Украина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија задутре го игра последниот меч во квалификациите за Светското првенсртво (СП), а противник ќе ни биде Украина во салата „Борис Трајковски“ во која влезот ќе биде бесплатен.

Кошаркарите ги загубија шансите за пласман на Мундијалот, а вчера запишаа убедлив пораз од Шпанија со 44-80, додека Украина славеше на домашен терен против Грузија со 79-66.

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) поради тоа соопшти дека сите љубители на кошарката ќе може бесплатно да присуствуваат во салата на последниот меч.

Македонија запиша пет порази во пет меча во квалификациите за Мундијалот, па од август се враќа во европската второлигашка конкуренција.

ФОТО: КФМ