Бетис го искажа незадоволството од Манчестер Јунајтед поради Антони


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал Бетис е разочаран од тековниот процес на преговори со Манчестер Јунајтед околу можниот трансфер на бразилскиот офанзивец Антони. Анделузискиот клуб е вклучен во долготрајни преговори со англискиот гигант, но конкретен договор се уште не е постигнат. Ова доведува до неизвесност околу целосниот исход на операцијата.

Антони направи добар впечаток за времетраењето на својата позајмица, што го прави Бетис сериозно заинтересиран да го има во своите редови. Сепак, условите кои ги дефинира Јунајтед претставуваат пречка за завршување на зделката.

„Сè мора да биде во рамките на нашите финансиски капацитети. Размислуваме за позајмица со можност за откуп, бидејќи сумата која ја бара Манчестер Јунајтед за откуп на договорот е навистина висока. Работиме интензивно на тоа Антони да остане, но ако не дојде до договор, тоа нема да го доживееме како неуспех“, изјави претседателот на клубот, Анхел Харо.

Фото: Принтскрин