„Бев лут, разочаран, да можев ќе го променев целиот тим, освен голманот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед вчера одиграа навистина занимлив натпревар кој заврши со резултат од 3-3.

Домашните поведоа после првото полувреме со 1-0, а на почетокот од второто стигнаа и до 2-0, но Јунајтед од 72. до 79. минута постигна три гола и дојде до пресврт. Сепак во 90. минута МекБурни ги постави конечните 3-3.

Оле Гунар Солскер не беше задоволен од играта на својот тим во првото полувреме и призна дека доколку имал можност ќе го променел целиот прв тим освен голманот на полувремето.

„Бев лут, разочаран, морав да ги пробудам. Можев да го променам секој играч на полувремето, освен голманот“, рече Солскер, па продолжи:

„Не се работеше за тактика. Се работеше за желба во првото полувреме, да дојдете први до топката, освојување дуел“.

„Морате да го заработите правото за да победите на натпревар, Немавме право да го добиеме натпреварот после 70 минути. Не бевме ниту близу до вистинскиот тим на Манчестер Јунајтед“, додаде Норвежанецот.