„Бев во Реал Мадрид на проба и ми кажаа дека не сум доволно добар за нив“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот шпански фудбалер Педри Гонзалес доби шанса во екипата на Барселона. Педри пристигна во Каталонија од Лас Палмас, па ги воодушеви сите со неговите настапи.

Тренерот Роналд Куман му даде шанса за игра на 17-годишниот фудбалер, кој ја искористи и покажа за каков потенцијал станува збор.

Тинејџерот досега одигра 10 меча и успеа д апостигне два гола. Познато е дека бил на проба и во Реал Мадрид, но во шпанскиот шампион не му понудиле договор.

Неколку години подоцна стигна во Барселона, па реши да се заблагодари на личноста која му кажала дека не е доволно добар за шампионот.

„На сите ни е познато дека бев на проба во Реал Мадрид. Сега ја користам можноста да му се заблагодарам на човекот кој ми кажа дека не сум доволно добар за Реал, зашто сега играм за тим за кој секогаш сонував. Ќе ми беше чудно доколку завршев во Реал, зашто сум навивач на Барселона од раѓање“, вели Педри.