Без изненадување: Бензема е најдобар фудбалер во Европа!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема беше избран за најдобар фудбалер во Европа, откако минатата сезона му помогна на тимот да го освои трофејот во Ла Лига и во Лигата на шампиони.

Францускиот напаѓач кажа дека е горд на неговиот тренер Карло Анчелоти, но и на голманот Тибо Куртоа, кои му помогнале да стигне до успехот.

„Минатата сезона беше посебна за нас, посебно во Лига на шампиони. Изградивме одличен тим и голема самодоверба која беше важна во минатата сезона. Бевме добри во финалето, но за тој меч мора да му се заблагодариме на нашиот голман. Анчелоти е одличен човек и тренер. Има неверојатен однос со фудаблерите“, кажа Бензема.