Без промени на новата ранг-листа на ФИФА: Македонија остана на 66. место во светот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА која беше објавена денеска.

Македонија загуби од Украина во квалификациите за Европското првенство, а славеше против Ерменија во пријателски меч и не доживеа промена на ранг-листата.

Од нашата група најдобро пласирана е Англија, која е четврта, по што следи Италија на деветто место, па Украина на 22. позиција, додека Малта е на 171. место.