Без тенис до осми јуни, АТП и ВТА ги „замрзнаа“ листите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


АТП и ВТА објавија заедничко соопштение во кое се наведува дека турнирите на земјен терен нема да се одржат, односно тенисот ќе паузира до осми јуни.

Тоа значи дека нема да бидат одржани турнирите во Мадрид и Рим, кои се играат во машка и женска конкуренција, потоа ВТА натпреварувањата во Стразбур и Рабат, како и АТП турнирите во Минхен, Женева и Лион.

Организаторите на Ролан Гарос исто така донесоа одлука да го преместат турнирот во нов термин, од 20 септември до четврти октомври.