„Би-би-си“ го избра Алиоски во идеалниот тим во групната фаза на ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски медиуми „Би-Би-Си“ го објави идеалниот тим за групната фаза од Европското првенство (ЕП), а меѓу нив имаше место и за македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој постигна еден гол на турнирот.

Навивачите го бираа идеалниот тим и им даваа оцени на фудбалерите, па „Би-Би-Си“ објави дека најголема оцена имал Кевин де Брајне со 8,36, додека Алиоски има оцена од 8,19.

Во идеалниот тим во избор на навивачите се најде и Каспер Шмајхел, Спинацола, Кјаер, Клих, Вајналдум, Локатели, Имобиле, Лукаку и Исак.