„Би-Би-Си“ потврди: Вернер дефинитивно е фудбалер на Челси!

Германски „Билд“ вчера објави дека напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер дефинитивно се сели во Челси, иако за него голем интерес покажа екипата на Ливерпул.

Таква информација денеска објави и „Би-Би-Си“, кој потврди дека договорот бил постигнат и се чека само официјална потврда од клубовите.

Вернер беше желба на Ливерпул и Баерн Минхен, но на крајот Челси успеа да ја добие големата битка за неговиот потпис.

Челси претходно се засили и со Хаким Зијех, кој пристигнува од екипата на Ајакс за 40 милиони евра.