„Би го истепал Де Хеа, мака ми е од неговите грешки!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин остро ги критикуваше голманот Давид де Хеа, Хари Мегваер и Лук Шо за примениот гол против Тотенхем.

Тотенхем имаа водство од 1-0 благодарение на Стивен Бергвајн, кој во 27. минута погоди за 1-0, а на крајот Јунајтед освои бод преку пеналот на Бруно Фернандеш во 81. минута.

„Шокиран сум поради таквиот гол, шокиран! Со години гледам фудбал и не смее да се подари таков погодок. Немам зборови. Не можам да верувам. Би го истепал голманот на полувреме. Би го удирал со боксови. Таков шут не смее да дозволи да влезе во неговата мрежа. Сите нив не би ги пуштил во автобусот, туку би ги пратил со такси да си одат дома“, луто одговори Кин.