„Би сакал Италија да нè потцени како пред Палермо“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија в сабота од 20.45 часот ќе ја пречека Италија на Националната Арена „Тодор Проески“ во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Италија веќе има лоши спомени од дуелите со Македонија бидејќи Александар Трајковски во Палермо со гол ги елиминира „аѕурите“ од полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

„Секој натпревар е важен за нас. Знаеме која е Италија. Треба да бидеме максимално фокусирани. Се надевам дека ќе нè потценат како пред Палермо“, вели Трајковски.