Биелса: Најважно ми е тоа дали Алиоски сака да остане кај нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски наскоро треба да добие нов договор од Лидс, иако се шпекулираше дека би можел да се пресели во Турција.

Алиоски пред неколку дена порача дека сака да остане во Лидс затоа што е среќен во екипата, па тоа дополнително ги подгреа шпекулациите дека ќе остане во Премиерлигата.

Сега за тоа зборуваше и тренерот на Лидс, Марсело Биелса, кој кажа дека Алиоски сам ќе реши дали сака да остане.

„Алиоски ќе одлучи дали треба да остане. Најважно е дали фудбалерот сака да остане, кога доаѓа до таква ситуација прво се прашува фудбалерот дали сака да продолжи да игра за клубот. Потоа клубот решава дали го сака и понатаму. Затоа јас мислам дека ако Алиоски го избере Лидс и Лидс ќе го избере Алиоски“, вели Биелса.