Биелса разочаран: Која е поентата? Богатите ќе станат побогати, сиромашните уште посиромашни!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Лидс и Езгјан Алиоски, Марсело Биелса кажа дека е разочаран поради потегот на европските гиганти да создадат европска Суперлига.

Суперлигата беше формирана пред неколку дена од Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Милан, Интер, Атлетико Мадрид, Челси, Јувентус, Тотенхем, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал.

„Секако дека тоа ќе го уништи фудбалот. Ова не требаше никого да изненади. Нивната логика е дека треба сите пари да завршат кај нив. Спортот е одличен и им помага на помалите тимови да се развиваат. Меѓутоа, логиката во фудбалот е погатите да бидат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни“, вели Биелса.