Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босна и Херцеговина го прекина фудбалското првенство поради пандемијата на Ковид-19. Босанците сметаат дека нема услови за играње фудбал, а проблемот се строгите мерки и поради тоа Федерацијата стави крај, а шампион на лигата е Сараево, каде што настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.
Велкоски ја освои титулата со Сараево, со кој ќе игра во квалификациите од Лигата на шампиони следната сезона, а Железничар, Зрињски и Борац ќе се натпреваруваат во Лига Европа.
Секако, од првенството ќе има и испаѓање, па натпреварувањето ќе го напуштат Челик и Звезда 09.
Од друга страна, во Македонија ќе се игра фудбал, барем така е најавено, но нема да има испаѓања од лигата, иако ќе се игра плеј-аут, што значи следната сезона Првата лига ќе брои 12 членови.