„Билд“: Реал Мадрид сака дете на Барселона и поранешен фудбалер на Динамо Загреб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој го засили тимот на Лајпциг од екипата на Динамо Загреб привлече интерес и од Реал Мадрид и сега клубот ќе го следи во следниот период.

Лајпциг нема намера да се откаже од услугите на 23-годишниот Олмо за сума помала од 50 милиони евра, па тоа треба да им биде јасно на „кралевите“ ако тргнат по неговите услуги.

Олмо во Лајпциг стигна во 2020 година од Динамо во трансфер вреден 22 милиони евра. Тој е роден во Каталонија, а првите фудбалски чекори ги направи во Еспањол, па мина седум години во Барселона.

Заминување во Реал би значело и преселба во редовите на најголемиот ривал од неговото детство.