Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Еден од најпопуларните спортски парови на светот, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, решиле да се разведат, пренесува „Билд“.
Овој германски медиум се повикува на списанието „Бунте“ и пишува дека Србинката и Германецот веќе два месеца живеат одделно, а сега наводно решиле и да ги предадат документите за развод.
Швајнштајгер најмногу време поминува во Минхен, каде што е ангажиран деловно, а Ивановиќ решила да се врати со тројцата синови во родниот Белград, каде купила стан од околу 100 квадрати во близина на станот на нејзините родители и брат.
Оваа вест многумина ги шокирала, бидејќи Ана и Бастијан важеле за добар пар. Често заедно со синовите Лука, Леон и Тео доаѓале во Србија. Швајнштајгер со братот и таткото на Ана често од првиот ред ги гледал натпреварите на кошаркарскиот клуб Партизан и се чинеше дека е близок со целото нејзино семејство.
„Билд“ наведува дека нивната љубов била онаа која ги водела да веруваат дека бајките можат да бидат реалност, но очигледно не било сè толку идилично како што се претставувало.
Ана и Бастијан се венчаа пред девет години во Венеција, а целото настан беше многу следен од германските, српските, но и светските медиуми, бидејќи обајцата тогаш беа успешни спортисти. Двајцата не се огласиле во однос на овие пишувања.
Фото: Принтскрин