Билети за реваншот меѓу Е. Пелистер и Нексе снема за – еден час!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Битолски Еурофарм Пелистер за само еден час ја распродаде салата „Боро Чурлевски“ за осминафиналниот реванш од Лигата на Европа против Нексе.

„Пелистерци“ беа поразени на гостувањето кај Нексе во Нашице со 29:26, а дома на 5-ти април во реваншот ќе се обидат да дојдат до пресврт и пласман во следната фаза.

Дека и Битола верува во пресврт на своите миленции покажува и информацијата која ја соопшти битолскиот клуб – билетите кои беа пуштени во продажба за овој натпревар се распродадени за само еден час.