Бивш француски репрезентативец: Селекции како Македонија, Малта, Албанија се бескорисни!

Поранешниот француски фудбалер Кристоф Дугари вели дека половина од европските репрезентации немаат доволно квалитет.

Причина за неговиот коментар беше победата на Франција од 14-0 против Гибралтар, но Дугари вели дека ништо подобри не се ниту голем број други селекции, меѓу кои и Македонија.

„Гледам натпревари на Грузија, Естонија, Црна Гора, Литванија, Малта, Албанија, Македонија… Сите се бескорисни. Никогаш не треба да ги гледаме“, вели Дугари.