Бивш фудбалер на „ѓаволите“: Мојот наставник се*суално ме злоупотреби на 13 години…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер и дефанзивец на Манчестер јунајтед, Патрис Евра неодамна објави книга, која е посветена на неговиот живот и кариера, каде што откри интересни детали за кои претходно не разговарал.

Евра во интервју за „Тајмс“ откри и дека бил се*суално злоупотребен кога имал само 13 години. Тој е роден во Сенегал, но живеел во Париз, а пред 27 години се случило нешто што ниту неговата родена мајка не го знаела.

Поради училиштето морал да замине далеку од дома и живеел со својот наставник, кој го злоупотребувал својот фудбалер, но подоцна ја убедил мајка му да го земе од таму.

„Кога ја напишав првата книга, не сакав да ја раскажам цела приказна затоа што се срамев и се плашев од мислењето на луѓето. Сега сакам да раскажам зашто не сакам децата да бидат во моја ситуација и да се срамат сами од себе“, открива Евра.