Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хозе Мариа Гутиерез, познат како Гути реши да се пошегува на сметка на Барселона во емисијата „Ел Чирингито“.
На прашањето дали би сакал Реал Мадрид да игра осминафинале против ПСЖ, Гути кажа дека повеќе би сакал да се соочат со Барселона, по што ја корегираше „грешката“.
Гути се пошегува на сметка на вечните ривали, кои испаднаа од Лигата на шампиони (ЛШ), па ќе го продолжат натпреварувањето во Лига Европа.
Групата на Барселона ја поминаа Баерн Минхен и Интер, додека последната позиција ѝ припадна на Викторија Плзен.