Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната ѕвезда во НБА, Делонте Вест минатата година беше во центар на внимание откако американските медиуми објавија дека е бездомник.
Потоа газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан лично го пронајде и му помогна да се врати на вистнски пат, но тоа беше за краток период зашто Вест повторно се посвети на алкохолот.
Бивиот кошаркар беше уапсен на Флорида, кога беше забележан во алкохолизирана состојба. Тој удираше во вратите на една куќа, а при апсењето почнал да ги пцуе полицајците и да дава отпор.
„Подобар сум од Леброн и од Џордан. Бев најдобар во овој спорт. Јас сум Исус Христос“, викал Вест додека полицајците се обидувале да го уапсат.