Бивш кошаркар во НБА живее како бездомник: Ги потроши милионите, па сега проси на улица (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната ѕвезда во НБА-лигата, Делонте Вест по крајот на кариерата падна на дното и стана бездомник, па сега проси по улиците на Далас.

Овој 38-годишен маж изгледа непрепознатливо, откако ги потроши милионите заработени во текот на кариерата, па сега се дрогира и пијанчи.

Газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан го испрати Вест на рехабилитација, а му помогна и поранешниот соиграч Леброн Џејмс.

Меѓутоа, очигледно ниту тоа не е доволно за да се опамети, па повторно се појавија видеа од кошаркарот како проси на улица.

Едно момче објави видео од Вест на бензинска пумпа како разговара со него и се обидува да му објасни дека останал без пари.