Бивш македонски репрезентативец: Заспав како најдобар стрелец, а се разбудив како криминалец!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот македонски ракометар Горан Кузманоски мораше да ја заврши кариерата затоа што беше допигнуван, а две години по шокот кој му се случи, тој реши да зборува за инцидентот.

Кузманоски го носеше дресот на Еурофарм и беше главен соговорник на истражувачката сторија на „ИРЛ“.

„Во септември сè личеше дека ќе е добра сезона и ми даде ентузијазам дека ќе бидам дел од промените во Еурофарм каде што се дигна моралот“, раскажува Кузмановски кој на овие последни натпревари очекувал да го изгради својот имиџ на тренер за кариерата што сака да ја следи. Кузмановски добива две признанија за најдобар стрелец на два меѓународни натпревари во подготвителниот период. Но, во октомври ќе пристигнат вознемирувачки вести“.

На крајот се што му се случува најдобро објаснува со една реченица.

„Заспав како најдобар стрелец, а се разбудив како најголем криминалец“, раскажува Кузмановски.

Целата сторија на ИРЛ можете да ја погледнете – ТУКА.