Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешната светска шамионка во лизгање, Елис Кристи призна дека отворила „ОнлиФанс“ само за да продава разголени фотографии и така да заработи пари за да се натпреварува на Олимписки игри.
Кристи во декември минатата година доживеа повреда, која не ѝ дозволи да настапи на ЗОИ во Пекинг, по што реши да се пензионира, но во меѓувреме почна да работи за да ги плаќа сметките и реши да отвори профил на платформата за возрасни.
Атрактивната девојка ги нуди своите фотографии за 12 долари месечно, а веќе почнала да добива пари од нејзините фанови и истите ќе ги искористи за да настапи на ЗОИ.
Кристи има 32 години и во октомври минатата година издаде автобиографска книга во која до детали откри како била силувана во 2010 година по враќањето од ЗОИ во Ванкувер.