Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната словачка тенисерка Даниела Хантухова зборуваше за претстојниот Ју-Ес Опен и кажа дека трофејот ќе заврши кај српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ги освои претходните три гренслем-турнири, па му недостига уште последниот за да ги комплетира сите четири во една сезона.
Хантухова објасни зошто Ѓоковиќ е подобар од конкуренцијата.
„Ноле не е како Федерер и Надал, тој е нешто посебно. Ѓоковиќ го одликува натпреварувачки дух и доаѓа во САД мотивиран по неуспехот на Олимписките игри“, кажа Хантухова.
Поранешната тенисерка откри и каде е предноста на Србинот.
„Во ситуации кога се игра на три сета, Ѓоковиќ е подобар од сите“, вели таа.