Бивша трета тенисерка во светот се подготвува да остави сѐ и да оди во војна


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Откако војната во Украина започна на почетокот на 2022, Русија, кога станува збор за светските спортски вести, беше споменувана само како страна која трпи санкции поради таа воена интервенција.

Славната украинска тенисерка Елина Свитолина е подготвена да остави сѐ и да оди во војната за што зборуваше во Индијан Велс по победата во третото коло над Даниел Колинс – 6:2, 6:4. 

– Би одела во војна. Сигурно. Но мислам дека на овој начин повеќе придонесувам отколку да сум на фронтот – изјави во интервјуто за германскиот „Билд“.- Собрав повеќе од 1,5 милиони евра за мојата земја во последниве три години. Мислам дека тоа е покорисно отколку да сум на фронтот со оружје. Многу од нашите војници немаат ни основна обука кога мораа да земат пушки и да ја бранат татковината. Освен тоа, јас имам семејство и не сум во позиција да отидам во војна – потсети дека неодамна стана мајка

.